• петок, 22 ноември 2024

Сара Џелили нов потпретседател, Ули Халилај секретар на огранокот на МД „Илинден“ за Голо Брдо

Сара Џелили нов потпретседател, Ули Халилај секретар на огранокот на МД „Илинден“ за Голо Брдо

Дебар,1 август 2023 (МИА) - Огранокот на Македонското друштво „Илинден“ - Тирана за областа Голо Брдо доби нов потпретседател и секретар со четиригодишен мандат. Врз основа на статутот на друштвото и согласно своите надлежности, претседателот Никола Ѓурѓај донесе одлука за потпретседател на друштвото да ја наименува Сара Џелили, додека за секретар Ули Халилај.

- Сара Џелили е член и активист на друштвото, учесник и добитник на награди на многу конкурси за поезија на кои настапува како претставник на Македонското друштвото „Илинден“ - Тирана. Таа е владен стипендист на татковината Македонија и студира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на отсек политички науки, стои во соопштението на друштвото.

Ули Халилај е член и активист на друштвото од 2015 година. Во периодот од 2015 до 2021 година беше претседател на огранокот, додека следните четири години беше потпретседател.

За ангажираноста и посебен придонес Халилај во 2016, а Џелили во 2019 година се добитници на благодарници „Илинден“ што ги доделува друштвото.

- Огранок за Голо Брдо, чиј претседател е Фатри Фетаху, ќе продолжи да работи на реализирање на задачите на друштвото, заштита на етничкиот,  јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство и унапредување на положбата на Македонците во оваа област, се наведува во соопштението.

Областа Голо Брдо ја сочинуваат 22 населени места, од кои 18 се населени со Македонци, а останатите четири се со мешано население, Македонци и Албанци. вт/мд/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан