• вторник, 27 август 2024

Санкционирани 182 возачи во Скопје, 24 за брзо возење

Санкционирани 182 возачи во Скопје, 24 за брзо возење
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции.
Изречени се и 20 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл,10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум за нерегистрирани возила, шест за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за користење мобилен телефон...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. вг/

Остани поврзан