Санкционирани 117 возачи за брзо возење на територијата на државата
- Во акциска контрола на територијата на државата, вчера биле санкционирани 117 возачи за брзо возење.
Скопје, 13 март 2024 (МИА) - Во акциска контрола на територијата на државата, вчера биле санкционирани 117 возачи за брзо возење.
- Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 38 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место, информираат од МВР.
Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патишта. ир/са
Фото: МИА архива