• понеделник, 23 декември 2024

Сане се преселил во Баерн Минхен за да ја освои ЛШ

Сане се преселил во Баерн Минхен за да ја освои ЛШ
Минхен, 23 јули 2020 (МИА) - Лерој Сане беше претставен како ново засилување на Баерн Минхен. Тој рече дека причината за преселбата од Манчестер Сити во германскиот шампион е да ја освои Лигата на шампионите. - Мојот трансфер е поради обидот да ја освојам Лигата на шампионите. Јас бев заинтересиран само за трансфер во тим што може да триумфира на турнирот. Сигурен сум дека Баерн може да го стори тоа. Сакам нов предизвик, изјави 24-годишниот напаѓач од средниот ред. Сане нема да игра за Баварците на најсилниот клупски турнир во светот, кој ќе биде комплетиран во август. Пандемијата на коронавирус, која го зафати светот во првите месеци од годината, ја принуди УЕФА да ги промени регулативите во Лигата на шампионите во сезоната 2019-2020 година. - Баерн има состав на највисоко ниво, рече германскиот интернационалец, кој ќе го носи дресот со број 10 во својот нов тим.

Тагови

Остани поврзан