• петок, 05 декември 2025

Ленгле потпиша тригодишен договор со Атлетико Мадрид

Ленгле потпиша тригодишен договор со Атлетико Мадрид

Мадрид, 9 јуни 2025 (МИА) - Централниот дефанзивец Клемент Ленгле потпиша тригодишен договор со шпанскиот тим Атлетико Мадрид, каде што играше како позајмен минатата сезона, објавија шпанските медиуми.

Францускиот фудбалер имаше уште две години од договорот со Барселона, кој беше повторно договорен за време на пандемијата на коронавирусот, но двете страни постигнаа договор за негово раскинување.

Ленгле (29) одигра 34 натпревари за Атлетико во сезоната 2024/2025, а пред тоа имаше позајмици во англиските клубови Тотенхем и Астон Вила.

-ФК Барселона сака јавно да му се заблагодари на Клемент Ленгле за неговата посветеност и му посакува се најдобро во иднина, се вели во соопштението на каталонскиот гигант. дс

Фото: Архива

Остани поврзан