• понеделник, 16 декември 2024

Самитот на Г-20 во Индија ќе заврши без заедничка најава, спротивставени позиции околу војната во Украина

Самитот на Г-20 во Индија ќе заврши без заедничка најава, спротивставени позиции околу војната во Украина

Гандинагар, 18 јули 2023 (МИА) - Дводневниот самит на креаторите на економската и финансиската политика од групата 20 најразвиени земји (Г20) ќе заврши денеска во Индија без заедничка најава, поради спротивставените позиции на големите сили за војната во Украина, потврдија индиски претставници кои се домаќини на таа средба. 

За време на своето претседавање со самитот на Г20, Индија се надеваше дека ќе постигне консензус за реформите за мултилатералните банки, ќе воведе глобални принципи за криптовалутите и ќе го забрза решавањето на должничката криза на сиромашните земји. 

Сепак, конфликтот меѓу Русија и Украина фрли голема сенка врз глобалните дипломатски процеси. 

Повеќето западни земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија и Франција, се залагаат за цврста осуда на Русија поради војната во Украина, додека Русија и Кина се спротивставија на таквиот потег, рече неименуваниот индиски функционер. 

Како резултат на тоа, Индија, како земја домаќин, не успеа да подготви финално коминике прифатливо за сите учесници на самитот, рече овој индиски претставник. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан