• сабота, 23 ноември 2024

Сакеларопулу ги посети бомбардираните украински градови Ирпин, Буча и Бородијанка

Сакеларопулу ги посети бомбардираните украински градови Ирпин, Буча и Бородијанка
Атина, 3 ноември 2022 (МИА) – Бомбардираните руски градови Ирпин, Буча и Бородијанка ги посети грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, каде што поразговарала со локалните власти и жителите, соопштија од нејзиниот кабинет, јави дописничката на МИА од Атина. Сакеларопулу во придружба на министерот за одбрана Никос Панајотопулос денеска е во посета на Украина, а планирана е и средба со претседателот на Украина. -Г-ѓа Сакеларопулу ги посети градовите погодените од руските бомбардирања, Бородијанка, Буча и Ирпин каде што разговараше со локалните власти и жителите. Во Буча, г-ѓа Сакеларопулу го обиколи местото каде што беа пронајдени масовните гробници на украинските граѓани во делот на црквата Агиос Андреас и ја виде изложбата на фотографии со цивилни жртви од војната, соопштија од кабинетот на грчката претседателка. Како што веќе објави МИА, посетата на Сакеларопулу не беше претходно најавена, а од кабинетот на претседателката, рано утрово кусо информираа дека „претседателката на државата Катерина Сакеларопулу се наоѓа во Киев, каде што ќе разговара со претседателот на Украина Володимир Зеленски“. Како и при посетата на Киев министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, пред две седмици, така и сега, од безбедносни причини не се соопштени дополнителни детали околу програмата на претседателката. ср/сд/ Фото: АНА-МПА

Остани поврзан