САД повикуваат на „целосно демонтирање“ на иранската нуклеарна програма
- Советникот за безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп вчера повика на „целосно укинување“ на иранската нуклеарна програма.

Вашингтон, 24 март 2025 (МИА) - Советникот за безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп вчера повика на „целосно укинување“ на иранската нуклеарна програма.
-Сите опции се на маса и време е Иран целосно да се повлече од својата желба да има нуклеарно оружје, изјави советникот за национална безбедност Мајк Волц за американската телевизија Си-Би-Ес.
Валц предупреди дека ако Иран има нуклеарно оружје, „целиот Блиски Исток ќе експлодира во трка за вооружување“.
-Тоа е целосно неприфатливо за нашата национална безбедност, додаде Валц.
Претходно овој месец, Трамп му напиша писмо на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, со цел за можни нуклеарни преговори.
-Им напишав писмо во кое се вели: „Се надевам дека ќе преговарате бидејќи ако мораме воено да влеземе, тоа ќе биде ужасна работа“, рече Трамп во интервјуто.
Хамнеи досега ги отфрлаше преговорите со Вашингтон, но иранската влада испрати мешани сигнали.
Во неговиот прв мандат, Трамп еднострано се повлече од Виенскиот нуклеарен пакт од 2018 година, кој имаше за цел да ја ограничи нуклеарната програма на Иран во замена за укинување на санкциите. Потоа, Техеран исто така повеќе не се придржуваше до условите од договорот. мс/
фото: МИА архива