• вторник, 24 декември 2024

САД го честитаа Денот на независноста на Северна Македонија

САД го честитаа Денот на независноста на Северна Македонија

Вашингтон, 9 септември 2024 (МИА) - Од Стејт департментот синоќа испратија честитка по повод Денот на независноста на нашата земја. Во меѓувреме, по повод празникот Обединета македонска дијаспора (ОМД)  организираше свечено кревање на македонското и американското знаме вп Њујорк.

Во честитката од државниот секретар Ентони Блинкен се вели: -Од името на Соединетите Американски Држави, честитам на македонскиот народ 33 години од независноста и историскиот избор на вашата прва жена претседател. Го цениме нашето силно партнерство со Северна Македонија фокусирано на градење на просперитетна демократија закотвена во евроатлантската заедница.

Понатаму, во честитката се додава дека заедничко на американскиот народ и народот на Северна Македонија е „посветеноста на демократските вредности“.

- Американскиот народ и народот на Северна Македонија споделуваат посветеност на демократските вредности. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста и продлабочување на економските врски во регионот. САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Северна Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат, изјави Блинкен.

Покрај честитките од Стејт департментот, огранокот на ОМД во САД орзанизираше настан во соработка со градот Њујорк а по повод Денот на независноста на Северна . Македонија. Настонот се состоеше со кревање на македонското и американското знаме и интонирање на македонската химна на  Вол стрит во Њујорк. кб/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан