САД/избори: Астронаути споделија фотографија од вселенската станица по гласањето
- „Не е важно дали седите, стоите или лебдите – важно е да гласате“, е пораката на Ник Хејг, еден од четворицата кои позираат на сликата.

Вашингтон, 5 ноември 2024 (МИА) - Повикот за сите Американци да гласаат стигна до вселената - астронаутите успеаја да го дадат својот глас.
Астронаутите на НАСА на Меѓународната вселенска станица споделија фотографија од нив како лебдат и покажуваат чорапи кои не оставаат сомнеж од каде се.
„Не е важно дали седите, стоите или лебдите – важно е да гласате“, е пораката на Ник Хејг, еден од четворицата кои позираат на сликата. ссм/
фото: Икс