• вторник, 21 април 2026

Кремљ: Русија е подготвена да ги продолжи испораките преку „Дружба“ доколку Украина престане со уцените

Кремљ: Русија е подготвена да ги продолжи испораките преку „Дружба“ доколку Украина престане со уцените

Мсоква, 21 април 2026 (МИА) - Кремљ денеска соопшти дека Русија е технички подготвена да го продолжи дотокот на нафта преку цевководот „Дружба“ до Унгарија и Словачка доколку Украина го запре она што Москва го нарече „уцена“.

Киев тврди дека цевководот бил затворен поради руски напад кон крајот на јануари. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју емитувано во понеделникот изјави дека цевководот ќе биде повторно отворен до крајот на април.

„Во сегашните околности свесни сте дека руската страна останува технички подготвена. Имаме договорни обврски кон Унгарија. Сепак, по почетокот на уцените од страна на режимот во Киев, испораките беа прекинати“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.

„Сè зависи од режимот во Киев - дали ќе го отворат цевководот и ќе престанат со уцените“, додаде Песков. мс/јт/

фото: Архива

Остани поврзан