• понеделник, 17 март 2025

РФМ побара одложување на натпреварот со Словенија, ЕХФ не дозволи, мечот ќе почне со едноминутен молк

РФМ побара одложување на натпреварот со Словенија, ЕХФ не дозволи, мечот ќе почне со едноминутен молк

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Ракометната федерација на Македонија денес стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара одложување на натпреварот меѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше одобрено, соопшти РФМ.

Натпреварот ќе започне со минута молк.

Претходно РФМ, поради огромната трагедија во Кочани ги оддложува сите денешни натпревари во сите категории.

- Во овие тешки моменти нашите мисли и молитви се со семејствата и настраданите во трагедијата. 
Упатуваме искрено сочувство! – објави Ракометната федерација на Македонија.

Почетокот на натпреварот Словенија – Македонија е закажан за 18:30 часот вечер во Копер. зс/

Фото: РФМ

Остани поврзан