Челзи е блиску до потпишување на Чави Симонс
- Челзи е заинтересиран за трансфер на играчот од средниот ред на Лајпциг, Чави Симонс.

Лондон, 30 јуни 2025 (МИА) - Челзи е заинтересиран за трансфер на играчот од средниот ред на Лајпциг, Чави Симонс.
Како што објави „Sports Zone“, англискиот клуб се согласил за условите на личниот договор со 22-годишниот Холанѓанец. Главниот тренер на Челзи, Енцо Мареска, учествувал во преговорите. Лајпциг има намера да добие до 80 милиони евра за играчот.
Во сезоната 2024/25, Симонс постигна 10 гола и оствари осум асистенции во 32 натпревари за Лајпциг во сите натпреварувања. Неговиот договор со германскиот клуб важи до 30 јуни 2027 година.
„Трансфермаркт“ ја проценува трансферната вредност на играчот на 70 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА