• вторник, 11 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мекиќ: Куманово е кошаркарски град, сигурни сме дека ќе добиеме голема поддршка

Мекиќ: Куманово е кошаркарски град, сигурни сме дека ќе добиеме голема поддршка

Куманово, 30 јули 2025 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ е убеден дека „црвено-жолтите“ ќе имаат голема поддршка од трибините во Куманово за време на претстојнито натпревар со Романија. 

- За нас, два особено битни натпревари, затоа што, како што сите добро знаеме, сме една подмладена репрезентација. Со многу нови лица, млади. Спој на младост и, за жал, нешто помалку искуство. Но на наша радост, огромна енергија и желба за натпреварување и победа. Одигравме два солидни натпревари со Швајцарија. За наша среќа, бевме успешни во двата натпревари. Видовме кои ни се позитивни, а кои негативни страни, и на она што треба повеќе да обрнеме внимание. 

Свесен е за предизвиците кои следувааат, веќе од 2 август и оној меч против Романија.

- Во секој случај, задоволни сме, како работиме изминатите денови, имаме одлична тимска хемија. Со големо нетрпение, со голема радост ги дочекуваме овие натпревари. Знаеме дека Куманово е кошаркарски град. Сигурни сме дека публиката ќе нè поддржи во голем број, и се надеваме на позитивен резултат, посакува искусниот репрезентативец.  

Адем Мекиќ е еден од најискусните играчи на Македонија кои ќе бидат во конкуренција за настап(и) во овој претквалификациски циклус за пласман на Светскиот Куп во 2027 година во Катар. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан