Руте: Русија е на ред да го направи следниот чекор во преговорите за мир со Украина
- Русија е на ред да го направи следниот чекор во преговорите за мир со Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Анталија.

Анталија, 15 15 мај 2025 (МИА) – Русија е на ред да го направи следниот чекор во преговорите за мир со Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Анталија.
- Украина е подготвена за прекин на огнот и итни преговори, додаде Руте кој во турскиот туристички град Анталија учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи од земјите членки на НАТО.
- Сега е ред на Русија да гарантира дека ќе ги направи следните неопходни чекори, рече Руте.
Почетокот на директните преговори Русија – Украина е предвиден за денеска во 10:00 часот во Истанбул.
Министерката за надворешни работи на Летонија, Бајба Браже, изјави во Анталија дека не се гледаат никакви знаци дека Русија сака мир во Украина и оти е важно да се ослабат воените способности на Москва.
- Ослабувањето на воениот капацитет на Москва е најдиректниот и најевтиниот начин за постигнување мир во Украина, рече Браже. јт/
Фото: ЕПА