• четврток, 13 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Протести низ Србија, демолирани простории на СНС во Нови Сад, тензии во Белград и други градови во државата

Протести низ Србија, демолирани простории на СНС во Нови Сад, тензии во Белград и други градови во државата

Белград, 14 август 2025 (МИА) - Демонстранти ги демолираа просториите на Српската напредна странка во Нови Сад вечерва откако претходно организираа собир пред Безбедносната и информативна агенција (БИА) во градот.

Демонстрантите извикуваа слогани против српскиот претседател Александар Вучиќ и СНС и фрлаа камења кон просториите каде вчера имаше големи инциденти откако приврзаници на таа партија фрлаа со пиротехника кон луѓето кои протестираа. .
Вечерва пред просториите на СНС немаше симпатизери и членови на таа партија ниту припадници на полицијата.

Центарот на Нови Сад и понатаму е блокиран за сообраќај. 

Во Белград припадници на жандармеријата стојат меѓу учесниците на протестот и простории на СНС лоцирани во центарот на градот.
И во Белград демонстрантите скандираат пароли против српскиот претседател Александар Вучиќ и полицијата. 

Стотици студенти и граѓани го блокираа сообраќајот помеѓу зградите на српската влада и поранешниот Генералштаб, како дел од протестот „Вечерва пукате по шевовите“.

Протести има и во над 20-на градови низ Србија.
Засега нема потврда од Кабинетот за инфомацијата  на српски медиуми дека српскиот претседател Александар Вучиќ околу полноќ ќе има вонредно обраќање до нацијата по неколкудневните протести.
зш/
фото Принскрин/Данас

Остани поврзан