Руте разговарал со Хегсет за зголемување на трошоците за одбрана на членките на НАТО
- Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека го имал првиот разговор со американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет за зголемување на издвојувањата за одбрана.
Брисел, 29 јануари 2025 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека го имал првиот разговор со американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет за зголемување на издвојувањата за одбраната.
Тој во објава на платформата „Икс“ рече дека имал „одличен прв повик“ со Хегсет.
„За да одвратиме и да се одбраниме, мора да останеме силни, обединети и подготвени – а тоа е она што НАТО го прави секој ден. Со нетрпение очекуваме да работиме со (Хегсет) за дополнително зголемување на трошоците за одбрана и одбранбеното производство за силна Алијанса“, рече Руте. рп/
Фото: МИА архива