• четврток, 20 февруари 2025

Руте: Европа е подготвена да и даде безбедносни гаранции на Украина

Руте: Европа е подготвена да и даде безбедносни гаранции на Украина

Париз, 18 февруари 2025 (МИА) - Европа е подготвена да преземе иницијатива за обезбедување безбедносни гаранции за Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по вчерашната вонредна средба за Украина во Париз.

„Европа е подготвена и има волја да се активира, да преземе иницијатива за да и овозможи безбедносни гаранции на Украина“, рече Руте, истакнувајќи дека тоа е клучниот заклучок од состанокот што го организираше францускиот претседател Емануел Макрон

Дополнително, во својата објава на мрежата Икс, Руте ја истакна потребата од дополнително дефинирање на деталите, но увери дека обврските се јасни. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан