• вторник, 26 ноември 2024

Руте: Некои прашања поврзани со ограничувањата на нападите длабоко во Русија не се до НАТО

Руте: Некои прашања поврзани со ограничувањата на нападите длабоко во Русија не се до НАТО

Брисел, 3 октомври 2024 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека претстојниот состанок на ниво на лидери на Контакт групата за обезбедување одбранбена помош за Украина е важен, но дозволата за укинување на ограничувањата на нападите длабоко во Русија мора да биде дадена од одделни земји на НАТО, а не од Алијансата во целина. 

„Претседателот (Џо) Бајден го свика овој состанок на лидерите и мислам дека е особено важно да го одржиме во сабота, на 12 октомври, во Рамштајн, заедно со сојузниците и, се разбира, со Украина“, рече Руте.

На прашањето дали за време на тој состанок на Украина може да и се даде дозвола да користи западни ракети со долг дострел против воени цели во Русија, Руте рече дека Украина очигледно има право да се брани и меѓународното право е на нејзина страна.

„Ова значи дека ова право не завршува на границата. Русија ја води оваа нелегална војна, а тоа значи дека таргетирањето на руските борбени авиони и проектили пред да бидат употребени против украинската цивилна инфраструктура може да помогне да се спасат животи (...) Во исто време, секој од сојузниците треба сам да одлучи за нивото на поддршка за Украина. И знам дека некои од овие дискусии се во тек, но на крајот на денот не зависи од НАТО. Секој сојузник мора да одлучи какви ограничувања ќе наметне на оружјето што ќе го испрати во Украина“, објасни генералниот секретар. паг/

Фото: ЕПА

 



Остани поврзан