Либанскиот министер за надворешни работи Бу Хабиб се надева на прекин на огнот до крајот на денот
- Либанскиот министер за надворешни работи Абдалах Боу Хабиб изјави дека се надева оти до вечер ќе биде постигнат прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах.

Бејрут, 26 ноември 2024 (МИА) - Либанскиот министер за надворешни работи Абдалах Бу Хабиб изјави дека се надева оти до вечер ќе биде постигнат прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах.
Тој додаде дека либанската армија има најмалку 5.000 војници подготвени да заминат во јужниот дел на Либан кога израелските сили ќе се повлечат и дека САД би можеле да играат улога во реконструкцијата на инфраструктурата што беше уништена во израелските напади. рп/
Фото: ЕПА