• петок, 23 август 2024

Русија спречи украински напади со дронови во западниот дел на земјата

Русија спречи украински напади со дронови во западниот дел на земјата

Москва, 22 август 2024 (МИА) - Руските сили утринава одбија украински напади со дронови на западниот дел на земјата, соопштија официјални лица.

Противвоздушната одбрана „одби напади со беспилотни летала во областа Волгоград, во регионот Мариновка. Повеќето дронови беа уништени“, објави локалниот гувернер Андреј Бочаров на Телеграм.

На местото на падот на леталата избувна пожар, но нема повредени.

Во Ростовската област, руските сили спречија напад на пет дронови, изјави гувернерот Василиј Голубев, додавајќи дека нема жртви и дека не е причинета штета.

Еден дрон беше уништен во регионот Воронеж, како и еден во регионот Брјанск, соопштија утринава официјални лица.ссм/

фото:архива/илустрација

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан