• четврток, 06 март 2025

Русија речиси го завршила издавањето пасоши за жителите на окупираните области во источна Украина

Русија речиси го завршила издавањето пасоши за жителите на окупираните области во источна Украина

Москва, 5 март 2025 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија „речиси завршила“ со издавањето руски пасоши за жителите во источна и јужна Украина, потег чија цел е зајакнување на руската контрола врз териториите за кои тврди дека ги припоила.

Откако ја почна офанзивата против Украина во 2022 година, Русија врши притисок врз жителите на териториите што ги контролира да земат руско државјанство.

Сличен процес, кој го осуди Киев, се одржа на Крим, полуостровот во Црното Море анектиран во 2014 година и во областите на источна Украина контролирани од проруските сепаратисти пред 2022 година.

- Минатата година речиси беше завршено издавањето на пасоши на жителите на ослободените области на регионите Луганск, Доњецката Република, Херсон и Запорожје, рече Путин на состанокот со претставници на Министерството за внатрешни работи во Москва.

Според рускиот министер за внатрешни работи Владимир Колоколцев, издадени се вкупно 3,5 милиони пасоши.

Русија во септември 2022 година побара анексија на овие четири региони во источна и јужна Украина, иако не ги контролира сите.

Според ОН и невладини организации, врз жителите на окупираните региони во Украина се врши притисок да аплицираат за руски пасоши. Овие пасоши станаа неопходни за голем број административни процедури таму.

Украинските власти ја осудија акцијата, велејќи дека таа го нарушува нејзиниот суверенитет.

Европската унија претходно соопшти дека нема да ги признае руските пасоши издадени во регионите на Украина окупирани од Москва. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан