• петок, 21 февруари 2025

Русија го пофали Трамп за неговата изјава дека НАТО е главен причинител на војната во Украина

Русија го пофали Трамп за неговата изјава дека НАТО е главен причинител на војната во Украина

Москва, 19 февруари 2025 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за неговата изјава дека американската поддршка за членството на Украина во НАТО била главен причинител на војната во Украина.

Трамп изјави дека Русија не можела да дозволи Украина да стане дел од НАТО и го обвини поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, за промената во американската политика кон украинското членство во Алијансата.

- Тој е првиот и досега единствениот западен лидер кој јавно и гласно изјави дека главен причинител за ситуацијата во Украина е агресивната политика на претходната администрација која сакаше да ја вклучи Украина во НАТО, изјави Лавров пред руските пратеници.

- Ниту еден западен лидер досега не го кажал ова, а тој го повтори неколку пати. Ова е јасен сигнал дека ја разбира нашата позиција, додаде Лавров.

Во исто време, додека во Ријад се одвиваа разговори помеѓу Русија и САД, Москва побара НАТО да се откаже од ветувањето дадено во 2008 година дека Украина ќе стане членка на воениот сојуз. Русија исто така ја отфрли можноста НАТО силите да бидат ангажирани како мировни трупи во евентуален договор за прекин на огнот. ссм/

фото: ЕПА

 
 

Остани поврзан