• сабота, 23 ноември 2024

Русија втора ноќ по ред со дронови го напаѓа Киев

Русија втора ноќ по ред со дронови го напаѓа Киев

Киев, 21 октомври 2024 (МИА) - Русија втора ноќ по ред го нападна украинскиот главен град Киев во неколку бранови со беспилотни летала, оштетувајќи станбени згради и ранувајќи најмалку еден цивил, соопштија денеска украинските власти.

Украинската војска соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 59 од 116 руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта. „Армијата изгуби трага од 45 дронови кои најверојатно се урнати на украинска територија“, се додава во соопштението.

„Нова ноќ, нови грижи. Непријателот не го намалува интензитетот на своите воздушни напади врз Украина и Киев“, изјави Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев, на комуникациската платформа „Телеграм“.

Војската објави дека неколку напади погодиле цивилна инфраструктура.

„Уништени се околу 10 дронови, кои го гаѓаа главниот град во неколку бранови и од различни правци. Иако никој не ја погоди целта, урнатините повредија најмалку еден маж“, рече Попко.

„Урнатините паднаа во три дела на Киев, каде што ги оштетија покривите и фасадите на неколку станбени згради и енергетските кабли“, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.

Нападот се случи откако Русија претходно во неделата го нападна Киев и други градови, при што беа повредени 17 лица во централниот украински град.

Двете земји негираат дека гаѓале цивили во војната која трае две и пол години откако Русија ја започна својата инвазија на соседна Украина во февруари 2022 година. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан