• среда, 21 јануари 2026

Русите нападнаа станбени области и енергетска инфраструктура во регионот Одеса

Русите нападнаа станбени области и енергетска инфраструктура во регионот Одеса

Киев, 20 јануари 2026 (МИА) - Руските сили утрово нападнаа цивилна инфраструктура во регионот Одеса, вклучувајќи станбени области и енергетски објекти, објави на „Телеграм“ шефот на регионалната државна администрација на Одеса, Олег Кипер.

Дрон удри во повеќекатна станбена зграда во Чорноморск оштетувајќи ги фасадата и прозорците, но нема извештаи за повредени.

Според прелиминарните информации, евидентирана е и штета на објект на енергетска инфраструктура во округот Одеса, без жртви.

Службите за итни случаи и комуналните услуги се распоредени на местото на настанот, а во неколку региони на Украина се воведени итни прекини на електричната енергија поради последиците од руските напади врз електроенергетскиот систем. мс/јт/

фото: ЕПА

Остани поврзан