• петок, 26 јули 2024

Рублев против Зверев во финалето на Мастерсот во Синсинати

Рублев против Зверев во финалето на Мастерсот во Синсинати
Синсинати, 22 август 2021 (МИА) – Во мечот за трофејот на тенискиот Мастерс во Синсинати (САД) ќе се соочат Александар Зверев од Германија и Андреј Рублев од Русија. Ова е епилогот по двете полуфиналиња во кои третиот носител Зверев, ноќеска беше поуспешен од вториот носител Стефанос Циципас со 2-1, додека Рублев (кој е четврти носител, го победи сонародникот и прв фаворит на турнирот Данил Медведев, исто така со 2-1. Финалето е закажано за вечер со почеток во 22 часот и 30 минути. Наградниот фонд на Мастерсот од серијата 1000 изнесува 4,8 милиони долари. зс/

Остани поврзан