• четврток, 30 јануари 2025

Рубио на први средби со шефовите на дипломатиите на Германија, Франција и Велика Британија

Рубио на први средби со шефовите на дипломатиите на Германија, Франција и Велика Британија

Вашингтон, 28 јануари 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар, Марко Рубио имаше одвоени разговори со германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро и британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами.

Во неговиот разговор со Бeрбок, Рубио ја истакна важноста на силните американско-германски односи, нагласувајќи ги заедничките цели во одбраната и стабилноста на Блискиот Исток и Индо-Пацификот, соопшти денеска Стејт департментот.

Двајцата официјални лица се согласија дека понатамошната соработка е клучна за зачувување на трансатлантскиот мир.

Рубио со Баро ја повтори важноста на партнерството меѓу САД и Франција и ја истакна потребата од дополнително зајакнување на одбранбената соработка, како и зголемување на воените инвестиции меѓу двете земји.

Во неговиот разговор со Лaми, Рубио ја потврди длабоката врска меѓу САД и Обединетото Кралство, нарекувајќи ги специјалните односи клучни за решавање на глобалните предизвици, вклучително и конфликтите на Блискиот Исток, војната во Украина и кинеското влијание. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан