• среда, 07 август 2024

Роналдо се врати во Ал-Наср

Роналдо се врати во Ал-Наср

Ријад, 6 август 2024 (МИА) – Ѕвездата на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, по одморот се врати во Саудиска Арабија и почна да тренира со клубот.

- Назад таму каде што припаѓам! – напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Триесет и деветгодишниот Португалец минатата сезона одигра 51 натпревар за клубот и постигна 50 голови. На Евро 2024, тој направи една асистенција на пет натпревари.

На 14 август Ал-Наср ќе игра во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија против Ал-Таавун. 

На 22 август Ал-Наср ќе му гостува на Ал-Раед во 1. коло од саудиската фудбалска Премиер лига. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан