• петок, 26 јули 2024

„Рома труба Фест“ по 19-ти пат во Куманово

„Рома труба Фест“ по 19-ти пат во Куманово

Куманово, 18 јули 2024 (МИА) - По 19-ти пат вечерва на градскиот плоштад во Куманово почнува Меѓународниот дувачки фестивал „Рома Труба Фест“, во организација на Ансамблот на народни ромски игри и песни.

-Имаме одлични оркестри од Македонија и соседните Бугарија и Србија и ќе настапи Анабела. Се надеваме дека ќе ужива и кумановската и пошироката публика која доаѓа во градот. Имаме најавено гости кои ќе го проследат фестивалот. Токму затоа се одржува во јули, имавме барање од дијаспората да се одржи овој месец кога тие си доаѓаат во Куманово Имаме интерес за учество и од други оркестри, изјави уметничкиот директор на фестивалот, Самет Салиевски.

Годинава ќе настапат повеќе оркестри. Организаторите веќе половина година го организираат фестивалот. За 20 годишниот јубилеј, организаторите најавуваат изненадувања во однос на учесниците. Фестивалот се организира со финансиска поддршка од Општина Куманово и од Министерството за култура во вкупна вредност од над 800.000 денари. ам/фф/

Фото: Општина Куманово и МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан