• понеделник, 23 декември 2024

Ристески и Златков најуспешни македонски претставници на Европското младинско шаховско првенство

Ристески и Златков најуспешни македонски претставници на Европското младинско шаховско првенство
Анталија, 15 ноември 2022 (МИА) - Во познатиот турски туристички центар Анталија заврши Европското шаховско младинско првенство во шест возрасни категории – до 8, 10, 12, 14, 16 и до 18 години, во машка и женска конкуренција, на кое учествуваа 1002 млади шахисти и шахистки од 46 европски земји. Настапот во Анталија беше меѓу најуспешните на младинските европски првенства во поновата историја на македонскиот шах и од вкупно 11 претставници, четири се пласираа во првата половина на табелата. Најуспешен беше Емил Ристески во категоријата до 18 години, кој го освои 13 место во конкуренција на 85 учесници, со шест поени од девет партии. Во категоријата до 16 години, Антон Златков имаше одличен турнир и го освои 16 место во конкуренција на 108 учесници, со 5.5 поени. Во женска конкуренција, најдобар пласман оствари Моника Жежовска со 4.5 поени, кои на крајот и го донесоа 35 место во конкуренција на 76 ученички. Пласман на македонските претставници на Европското младинско шаховско првенство во Анталија; Машка конкуренција: Емил Ристески (13 место), Леонид Петрески (67), Антон Златков (16), Кристијан Лазовски (97), Андреј Иванов (75), Никола Петровски (28) Женска конкуренција: Моника Жежовска (35), Михаела Зрмановска (61), Инџи Ајрадиновска (73), Ивана Велкоска (74), Наде Смилевска (85). ег/сх/

Остани поврзан