• сабота, 23 ноември 2024

Речиси 20 милиони деца во ЕУ изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост 

Речиси 20 милиони деца во ЕУ изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост 

Брисел, 27 септември 2023 (МИА) - Во текот на 2022 година, 24,7 отсто од децата на возраст под 18 години во ЕУ или речиси 20 милиони, биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, соопшти Европската статистичка служба – Евростат. 

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во споредба со 2021 година процентот на деца изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост бележи раст 0,3 процентни поени. 

Гледано по земји, најголем процент на деца во оваа ризична категорија има во Романија и тоа од 41,5 отсто, пред Бугарија со 33,9 и Шпанија со 32,2 проценти. 

Од друга страна, најмал процент на деца изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост има Словенија од 10,3 отсто, по што следуваат Чешка со 13,4 и Данска со 13,8 проценти. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан