Реперезентативецот Никола Митревски нов голман на Порто во Португалија
- Веста за пристигнувањето на Митревски во Португалија ја објави неговиот нов клуб кој има големи амбиции на европската ракометна сцена, а ангажманот на Митревски, најдобриот спортисти во Битол

Битола, 2 јуни 2020 (МИА) - Македонскиот ракоментен репрезентативец и досегашен голман на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски од денес е нов голман на португалскиот ракометен шампион Порто.
Веста за пристигнувањето на Митревски во Португалија ја објави неговиот нов клуб кој има големи амбиции на европската ракометна сцена, а ангажманот на Митревски, најдобриот спортисти во Битола за минатата година, го смета за големо засилување.
Голманот Никола Митревски по втор пат се враќа во Португалија откако пред 5 години настапуваше за Бенфика. /М.Т.