• сабота, 23 ноември 2024

Рено забележа рекордна загуба од 7,3 милијарди евра во првите шест месеци од 2020 година

Рено забележа рекордна загуба од 7,3 милијарди евра во првите шест месеци од 2020 година
Париз, 30 јули 2020 (МИА) - Францускиот производител на автомобили Рено претрпе најтешка загуба во својата историја во првите шест месеци од 2020 година,  во износ од  7,3 милијарди евра, јави дописникот на МИА. Групацијата, која веќе беше во тешка состојба пред пандемијата на новиот коронавирус, и која на крајот на мај најави намалување на 15.000 работни места ширум светот (од кои 4.600 во Франција), посочи дека се откажува од секоја прогноза за финансискиот резултат за 2020 година, наспроти неизвесностите поврзани со пандемијата со Ковид-19. - Ситуацијата е без преседан, коментираше новиот генерален директор Лука де Мео, кој ја презеде функцијата на почетокот од овој месец. Историската загуба главно се објаснува со придонесот на производителот на автомобили Нисан, во кој Рено поседува 43 отсто од капиталот. Бројките се во спротивност со оние на францускиот ривал ПСА (Пежо, Цитроен) кои успеаја да заработат пари во првото полугодие и покрај кризата, со чиста добивка од 595 милиони евра. Но, Рено (во кој спаѓаат и брендовите Дачија, Лада, Алпин и Самсунг Моторс) страда од производство на прекумерен капацитет на светско ниво. Групата беше особено погодена од падот на пазарот поврзан со здравствената криза. Прометот опадна за 34,3 отсто во текот на првите шест месеци од годината на 18,4 милијарди евра. Оперативната маргина падна нагло на минус 1,2 милијарди евра. Рено го проценува негативното влијание од здравствената криза на 1,8 милијарди. Оваа маргина беше позитивна од 1,7 милијарди евра во првата половина од 2019 година. Производителот најави отпис на средства за 445 милиони евра, со цел да се земат во предвид „ревидираните претпоставки за волуменот“ „за одредени возила“, како и одредби за надоместоци за реструктуирање за 166 милиони евра „главно поврзани со планот за рано заминување во пензија во Франција“. На крајот, неуспехот на стратегијата на групата во Кина е забележан и на сметките со 153 милиони евра капитални загуби од продажбата во оваа земја, поврзано со продажбата на акциите на Рено во својата заедничка подружница со Донгфенг Мотор корпорација. Рено објави дека се откажува од продажба на автомобили на термички погон во Кина во насока на фокусирање на тешки и електрични возила. Овие трошоци се рефлектираат во загубата на работење што достигна две милијарди евра, наспроти профитот од 1,5 милијарди минатата година за истиот период. тг/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан