• сабота, 23 ноември 2024

Рено-Басо: Предизвикот со климатските промени е уште посериозен имајќи ги предвид војната во Украина и економската криза

Рено-Басо: Предизвикот со климатските промени е уште посериозен имајќи ги предвид војната во Украина и економската криза
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) – Климатските промени претставуваат огромен предизвик и драматично ќе го променат начинот на кој функционираме, живееме и размислуваме. За да ги исполниме целите од Парискиот договор ни треба сеопфатна електрификација за да постигнеме декарбонизација, да престанеме да ги користиме фосилните горива за производство на електрична енергија, како и поголема енергетска ефикасност. Ова го истакна претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Одил Рено-Басо во обраќањето на панелот  „Енергија, зелена транзиција и инфраструктура“ во рамките на вториот ден од „Скопскиот економско финансиски форум“ (СЕФФ) што се одржува под покровителство на Министерството за финансии. Нагласи дека секогаш кога има предизвик има и можност и додаде дека ќе има можност да се искористат големи инвестиции доколку се заложиме за исполнување на целите од Парискиот договор, а со тоа да се креираат нови работни места и да се деперсифицира економијата . -Европските земји поставија доста амбициозни цели за емисиите на ЦО2 и јаглеродна неутралност до 2030 година што влијае на сите аспекти на нашиот живот и затоа ќе биде потребна огромна инвестиција и координирана политичка акција. Предизвикот со климатските промени денеска е уште посериозен имајќи ја во предвид војната во Украина и економската криза.  Важно е да се гарантира енергетска сигурност во системот на економски изводлив начин и важна е диверзификацијата на изворите на енергија, рече Рено-Басо и нагласи дека постои можност да се забрзаат инвестициите во обновливи извори на енергија (ОИЕ). Порача дека е потребно да се подобрат и националните електрични мрежи и да биде поотворен пазарот на електрична енергија. -Земјите од Западен Балкан треба целосно да бидат фокусирани на траекторијата за намалување на влијанието на јаглеродот со вклучување на јавните и приватните инвестиции. За да го постигнат тоа треба да има што повеќе ОИЕ кои ќе произведуваат поевтина домашна енергија. На тој начин бизнисите ќе бидат поконкурентни, а регионот ќе биде еколошки почист и ќе биде заштитена животната средина, истакна Рено-Басо. За ЕБОР, како што посочи, транспортниот сектор е клучен приоритет особено железничкиот транспорт кој е за 50 до 60 проценти почист од  копнениот транспорт. -Железниците нудат еколошки одржлив, иновативен и безбеден начин на транспорт. ЕБОР веќе финансираше повеќе од една милијарда евра во проекти во железничкиот сектор во земјите од Западен Балкан. Сега е време да инвестираме во инфраструктурата за да ги приближиме едни со други сите земји од регионот, а со тоа ќе се одговори и на климатската криза, рече Рено-Басо и додаде дека ќе обезбедат инвестиции за тоа во соработка со нивните партнери. За да се изгради зелена инфраструктура во Западен Балкан, додаде,  се фокусираме на три приоритети. -Првиот приоритет се инвестициите, вториот приоритет е отворање на пазарите и олеснување на регионалната интеграција и третиот приоритет е да се фокусираме на подобрување на квалитетот на услугите што се даваат, потенцира Рено-Басо и додаде дека е клучно да има брз патнички превоз за да се случат промените. Потпретседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Лилјана Павлова порача дека само ако се здружат финансиските институции, другите донатори, владите, приватниот и граѓанскиот сектор ќе може вистински да се справиме со сите предизвици и неизвесности со кои се случуваме во моментов. -Во моментов се накалемуваат нови кризи и веќе сме на патот на одржливо закрепнување од пандемијата со Ковид-19 и се сочуваме со негативните влијанија од ужасната војна во Украина. Мора да се справиме со различни предизвици – економски, социјални, отежната производство на храна, енергетската криза, но не смееме да ги заборавиме и климатските промени, Не смееме да ја пропуштиме шансата да ја искористиме кризата како можност да ја забрзаме зелената транзиција, диверзификацијата на нашите економии, на енергетскиот сектор, на транспортниот сектор, рече Павлова. Нагласи дека глобалната дистрибуција на енергија има огромни влијанија врз индустриите и домаќинствата и треба итно да се преземе систем со два столба кој овозможува  диверзификација и стабилно снабдување со енергија. -За да ја постигнеме нашата главна цел – Европа да стане континент со 0 емисија на ЦО2 потребно е да има нови иновативни технологии. Новото економско опкружување што резултира од руската инвазија на Украина ќе доведе до намалување на економскиот раст во ЕУ и пошироко зголемувајќи ги стапките на инфлација оваа година. Затоа потребни ни се напори да ги изнајдеме најдобрите начини и да планираме стратешки на одржлив начин, рече Павлова. Доколку го подобриме начинот на користење на енергенсите, како што кажа, ќе и помогнеме на Европа да остане конкурентна и иновативна и ќе се погрижиме да имаме одржлив развој. -Мора да ги насочиме нашите напори на малите и средни претпријатија како сржта на нашите економии, истакна Павлова и додаде дек ЕИБ веќе ги усогласила своите програми со нивните партнери за поддршка на борбата против климатските промени. Министерот за живтна средина и просторно планирање Насер Нуредини посочи дек нашата земја е една од првите земји во регионот која е посветена на намалување на емисиите на стакленички гасови до 50 проценти. -За тоа се потребни големи инвестиции и соработка со приватниот сектор и со граѓаните. Моментално јагленот кај нас е најголемиот извор на енергија, но се заложуваме термо централите да се завторат до 2050 година. Загадувањето на воздухот е важно во нашата земја и за да го решиме тоа треба да го промениме начинот за на затоплување. Најевтиниот начин да се добие енергија е да се троши помалку. Зелената транзиција предвидува распределба на средства од буџетот за да најдеме начин да се подобри енергетската ефикасност што е клучно за да се постигнат целите до 2030 и до 2050 година, потенцира Ниредини. Евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека ЕУ има клучен инструмент за финансирање за регионот од девет милијарди евра и со десет различни и клучни иницијативи дефинира како може да се помогне во инфраструктурата во насока на позелен Западен Балкан. Порача дека финансиски го поддржуваат гасното поврзување на земјава со Грција, Косово и Србија, поддржуваат инвестиции за енергетско поврзување со Албанија и Бугарија, а се разгледува како може РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј да се претворат во гасни централи и да не работат на јаглен. вј/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан