• недела, 25 август 2024

Рекорден број на новозаразени во САД, повеќе од 126.000

Рекорден број на новозаразени во САД, повеќе од 126.000
Бостон, 8 ноември 2020 (МИА) – Во САД е регистриран рекорден број на нови случаи на Ковид-19, откако вчера се впишани над 126.000 новозаразени, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс. Во исто време починале повеќе од 1.000 луѓе. Ова е четврти ден по ред како бројот на нови случаи во САД надминува 100.000 дневно. Од почетокот на пандемијата вкупно се заразиле повеќе од 9,8 милиони Американци, а повеќе од 237.000 починале. јт/

Остани поврзан