• вторник, 24 декември 2024

Рекорден број мигранти загинале или исчезнале во близина на брегот на Тунис во 2023 година

Рекорден број мигранти загинале или исчезнале во близина на брегот на Тунис во 2023 година

Тунис, 13 февруари 2024 (МИА) - Рекордни 1.313 мигранти се пријавени за мртви или исчезнати во близина на брегот на Тунис минатата година, објавија британски медиуми, повикувајќи се на денешно соопштение на организација за човекови права.

Во соопштението се истакнува продлабочувањето на миграциската криза во северноафриканската земја.

-Споменатиот број претставува 75 отсто од вкупниот број бегалци прогласени за мртви или исчезнати во близина на бреговите на Италија, Либија и Малта, изјави претставникот на тунискиот форум за економски и социјални права Рамадан Бен Амор.

Со затоплувањето на времето од крајот на јануари, се зголеми протокот на мигранти, вклучително и Тунижани, кои се обидуваат да стигнат до Италија со брод преку Средоземното Море. Од средината на минатиот месец, околу стотина мигранти загинаа или исчезнаа во близина на брегот на Тунис. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан