• петок, 23 август 2024

Реконструирана улицата „Ресавска“ во Кавадарци 

Реконструирана улицата „Ресавска“ во Кавадарци 

Кавадарци, 13 август 2024 (МИА) - Реконструирана е улицата „Ресавска“ во Кавадарци, информираше попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук. 

- Завршени се целосно градежните активности на оваа улица. Асфалтирање, изградени се нови тротоари и нов коловоз со површина од 1.240 метри квадратни, улицата ќе добие и нов дрворед. Финансиската конструкција на проектот е 3.740.000 денари. Изведувач на работите е фирмата „Градба промет“, напиша Јанчев.

Тој претходно сподели исто така дека се спроведува бетонирање на локалниот пат од Брана ХЕЦ „Тиквеш“ до населба Голеш на површина од 1.040 квадратни метри. Инвестицијата е на Општина Кавадарци, како дел од програмата за комунална изградба. Изведувач на работите е фирмата „Павер трејд“. свд/мд/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Јанчев 

Остани поврзан