• вторник, 11 февруари 2025

Регулаторните комисии на Северна Македонија и Грција ќе потпишат меморандум за соработка

Регулаторните комисии на Северна Македонија и Грција ќе потпишат меморандум за соработка

Атина, 11 февруари 2025 (МИА) – Меморандум за соработка во областите енергија, вода и отпад, денеска во Атина ќе потпишат Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (РААЕИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Меморандумот ќе го потпишат претседателите на двете регулативни комисии, односно Марко Бислимоски од РКЕ и Атанасиос Дагумас од РААЕИ.

Меморандумот ќе биде основа за унапредување на функционирањето на националните и регионалните енергетски пазари, како и услугите за управување со вода и отпад. ср/лв/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан