Регионална конференција „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан - предизвици и можности“
- Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе одржи регионална конференција на тема „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан - предизвици и можности“, како дел од активностите на проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, што се спроведува во партнерство со УСАИД.
Скопје, 30 март 2023 (МИА) - Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе одржи регионална конференција на тема „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан - предизвици и можности“, како дел од активностите на проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, што се спроведува во партнерство со УСАИД.
Целта на конференцијата е да се презентираат можностите за интензивирање на трговската размена помеѓу земјите од Западен Балкан и да се поттикне соработка за создавање заеднички регионален пазар.
На настанот ќе се обратат претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и амбасадорката на САД во земјава Анџела Прајс Агелер.сх/лв/
Фото: МИА архива