• петок, 05 декември 2025

Реал Мадрид е против Виљареал и Барселона да играат во Мајами

Реал Мадрид е против Виљареал и Барселона да играат во Мајами

Мадрид, 12.август 2025 (МИА) - Управата на Реал Мадрид жестоко реагираше на одлуката на Шпанската фудбалска федерација натпреварот од 17.коло на Ла Лига меѓу Виљареал и Барселона да се игра на 20.декември во Мајами. Одлуката беше донесена вчера, а Шпанската федерација ќе мора да бара дозвола од УЕФА и од ФИФА.

Според шпанските медиуми реакции има и од други клубови не само од „кралскиот клуб“. Во Реал Мадрид сметаат дека на овој начин Барселона ќе избегне едно од најтешките гостувања во првенството. Во соопштението на Реал се напоменува дека одлуката е донесена без согласност од другите клубови и притоа се прекршуваат правилата и се нарушува регуларноста на првенството. 

Реал информираа дека жалбата е пратена и до УЕФА и ФИФА, како и Високиот спортски совет во Шпанија да не дозволат Виљареал и Барселона да играат во Мајами.   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан