• петок, 08 ноември 2024

Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на соопштението од СДСМ

Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на соопштението од СДСМ

Скопје, 4 јули 2024

 

Наместо да коментираат работи кои имаа 7 години да ги анализираат, СДС и Филипче да се позанимаваат дали воопшто на следни избори ќе освојат пратеничко место

Партијата на гробарите на Македонија тандемот и браќата по корупција Зоран Заев и Венко Филипче наместо да се сокрие, некако крева галама за нешто што е одмината работа и кое имаа 7 години време да го анализираат како власт.

Ако мислат дека се уште им проаѓаат таквите трикови и дека народот ги заборави кои се, се излажале. Тоа се истите кои:

1. Бараа провизија на вакцини;

2. Крадеа на цитостатици;

3. Испумпуваа милиони од РЕК;

4. Кои наместо цврста градба градеа модуларни болници од кои една се запали и изгоре и во смрт однесе 14 луѓе кои живи изгореа;

5. 7 години не направија километар пат;

6. Го зголемија долгот на државата скоро двојно, а ништо не направија како проект или дело.

Списокот е долг, а причините поради кои СДС е тешка опозиција им се јасни во таа партија, а особено на Филипче.

Наместо да коментираат колку да се коментира, нека се позанимаваат со тоа дали на следни избори ќе имаат гласачи за еден пратеник, зошто Филипче им стана претседател со 9.000 гласа од цела Македонија, нешто што дава индикации дека на парламентарните избори 2028 година нема да може да биде изберен ниту за пратеник.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан