Реакција на ДУИ за листата на советници на премиерот
- Со овој потег Владата не само што го понижи албанскиот партнер во Владата, туку проектираше непријатно чувство на непожелност кај секој Албанец во земјава.
Скопје, 30 јануари 2025
Владата продолжува со создавање „зони без Албанци“ во државните институции, систематски потиснувајќи ги Албанците од позициите каде се носат одлуки.
Овојпат, тоа се огледува во составот на советнички тим на Премиерот каде речиси нема ниту еден Албанец.
Оваа политика на мајоризација е позната во минатото, и претставува реконфигурација на државниот систем, промовирајќи моно-етничка доминација.
Тоа јасно покажува дека механизмите на мајоризација ѝ се сѐ уште потребни на земјата, со цел зачувување на мултиетничкиот карактер на општеството, едно од најголемите достигнувања кое е во целост загрозено.
Градењето инклузивни и функционални институции, се основата на етничката рамноправност, но и една од суштинските европски вредности на чии основи почива долгорочната стабилност и напредок на земјата.
Со овој потег Владата не само што го понижи албанскиот партнер во Владата, туку проектираше непријатно чувство на непожелност кај секој Албанец во земјава.
Демократска унија за интеграција
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.