Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 13 октомври 2024
Тоа што на СДС им пречи во ЈПДП е тоа што во месец јули оваа година во однос на месец јули минатата година наплатата од патарини е зголемена за 1.1 милион евра.
СДС гледаат колку е подобрена работата на ЈПДП и затоа го напаѓаат Коце Трајановски.
СДС гледаат како сега се работи во ЈПДП и со која брзина се реализираат работите, нешто што беше незамисливо во нивно време.
Втора работа која СДС сака да ја сокрие и заради која го напаѓа Коце Трајановски е тоа што непосредно пред избори во ЈПДП бројот на вработени го зголемиле за 50%, т.е. вработиле нови 150 луѓе.
СДС ја кријат партизацијата која ја направиле и мислат дека со неосновани напади ќе го измамат народот.
Најголемиот страв пред се е заради одговорноста за милионските криминали кои ги правеле, за која знаат дека доаѓа.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.