• сабота, 13 декември 2025

„Рајнметал“ доби повеќемилионски договор од холандското Министерство за одбрана

„Рајнметал“ доби повеќемилионски договор од холандското Министерство за одбрана

Берлин, 12 декември 2025 (МИА) – Германската компанија за воздухопловство и одбрана „Рајнметал“ (Rheinmetall) обезбеди голема нарачка за снабдување на системот „Скајренџер 30“ (Skyranger 30) за мобилна и стационарна употреба, соопшти денеска компанијата.

Вредноста на нарачката е во опсег од високи трицифрени милиони евра, без компанијата да навлегува во дополнителни дообјаснувања, пренесе ДПА.

Првите платформи за оружје „Скајренџер“ треба да бидат испорачани на крајот на 2028 година, а конечната испорака ќе се случи пред крајот на 2029 година.

Дополнително, Холандското Министерство за одбрана нарача контролни јазли на тактичко ниво и транспортни платформи со „хуклифт“ (hooklift) за стационарно распоредување.

Сето ова треба да биде интегрирано во постојната холандска воздушна одбрана, заедно со симулатори за училница и сеопфатен пакет за интегрирана логистичка поддршка.

Во моментов, акциите на „Рајнметал“ се тргуваат по цена од 1,898.81 долари (1,618.50 евра), што е раст од еден процент на берзата Ксетра (Xetra). јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан