Расчистен случајот со опожарените возила и објект во Куманово, сторителот лишен од слобода
- Во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, утрово во 01.10 часот по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(35) од Куманово.
Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, утрово во 01.10 часот по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(35) од Куманово.
МВР соопшти дека тој се сомничи дека на 02.12.2024 во Куманово опожарил три патнички моторни возила и еден деловен објект.
- Ф.А. бил приведен и задржан во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од МВР. цр/дма/
Фото: МИА архива