• сабота, 23 ноември 2024

Раст на „Н-видиа“ поради ВИ

Раст на „Н-видиа“ поради ВИ

Лос Анџелес, 23 мај 2024 (МИА) - Бизнисот на американскиот производител на чипови и софтвер, „Н-видиа“ е петкратно поголем благодарение на нагорниот тренд на вештачката интелигенција.

- Следната индустриска револуција почна! Многу компании и земји соработуваат со „Н-видиа“ за да ги префрлат традиционалните центри за податоци од трилиони долари на забрзано пресметување и да изградат нов тип на центри за податоци - погон со ВИ, за да направат нов производ - ВИ!, рече главниот извршен директор на „Н-видиа“, Јенсен Хуанг.

Минатото тримесечје, прометот бил 262 отсто повисок од претходната година - на 26 милијарди долари. Цената на акциите, пак, во одредени мигови порасна за 5 отсто во американското тргување по работното време во средата. „Н-видиа“ најави и зголемување на дивидендата.

Со обрт од 22,6 милијарди долари, технолошкиот бизнис на бази за податоци беше дури пет пати поголем отколку во истото тримесечје од претходната година. Така, кварталната заработка на „Н-видиа“ скокна од нешто повеќе од 2 милијарди долари на речиси 14,9 милијарди долари во рок од една година.

Развиени првично за графички картички, технологиите на „Н-видија“ одамна ја докажаа својата вредност во компјутерската работа вклучена и во апликации со ВИ.  си/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан