• понеделник, 23 декември 2024

Рамос би можел да го пропушти реваншот на ПСЖ против Реал

Рамос би можел да го пропушти реваншот на ПСЖ против Реал
Мадрид, 1 март 2022 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос поради повреда би можел да го пропушти реваншот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Според „Foot Mercato“ учеството на 35-годишниот Шпанец е малку веројатно, бидејќи му треба одреден период за закрепнување. На 15 февруари ПСЖ го победи Реал Мадрид со 1:0 на домашен терен. Реваншот е закажан за 9 март во Мадрид. Рамос играше за Реал од сезоната 2005/06 до сезоната 2020/21. зс/

Остани поврзан