• понеделник, 23 декември 2024

Рама: Рано е да се биде оптимист околу веста за укинување на бугарското вето

Рама: Рано е да се биде оптимист околу веста за укинување на бугарското вето
Тирана, 22 јуни 2022(МИА) - Веста дека бугарската опозиција се согласува да се повлече ветото на Софија за старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, албанскиот премиер Еди Рама ја гледа како позитивен знак. - Само што слушнав дека денеска нешто се движи во Бугарија. Рано е да се биде оптимист и премалку е да се сменат делови од утрешниот говор каде Бугарија е критикувана како земја која држела две земји од НАТО како заложници, додека има војна во границите на Европа, напиша Рама на Твитер. Во истата објава тој наведува зошто донесол одлука да патува за Брисел. - Ќе присуствуваме на состанокот на Советот на ЕУ. Нема да има многу што да се слушне за нас, но ќе бараме да слушнеме за идејата на претседателот Макрон за новата европска политичка заедница што ја поддржуваме, за иницијативата „Отворен Балкан“, што го унапредува духот на Европа и за нашето заробеништво од Бугарија што ја уништува истата, напиша Рама во својата објава на Твитер. вт/сп/

Остани поврзан