• петок, 08 ноември 2024

Рамафоса: Русија и Украина се согласија да примат африканска мисија со потенцијален мировен план

Рамафоса: Русија и Украина се согласија да примат африканска мисија со потенцијален мировен план

Кејптаун, 16 мај 2023 (МИА) - Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски се согласиле да примат група африкански лидери за да разговараат за потенцијалниот мировен план за решавање на конфликтот.

„Моите разговори со двајцата лидери покажаа дека и двајцата се подготвени да ги примат африканските лидери и да разговараат за тоа како може да се стави крај на овој конфликт“, рече Рамафоса на заедничката прес-конференција со сингапурскиот премиер.

„Дали тоа ќе успее ќе зависи од разговорите што ќе се одржат“, рече тој.

Рамафоса додаде дека лидерите на Сенегал, Уганда и Египет исто така го поддржуваат мировниот план, додавајќи дека за иницијативата биле информирани и генералниот секретар на ОН, САД и Велика Британија.

Вашингтон и Лондон изразија „внимателна“ поддршка за мировниот план, додаде Рамафоса. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан