Ракометниот „Трофеј Македонија“ повторно во Охрид
- Новото издание на „Трофеј Македонија“ и оваа година ќе се одржи во Охрид и ќе биде повторно во женска конкуренција
Скопје, 28.март 2026 (МИА) – Новото издание на „Трофеј Македонија“ и оваа година ќе се одржи во Охрид и ќе биде во женска конкуренција. Претседателот на РФМ Александар Стефанов на Собранието објави дека годинава ќе настапат селекциите на Србија, Црна Гора и на Хрватска.
Ова претставува повисоко ниво или Балканско првенство. Сите четири репрезентации речиси редовно учествуваат на големите натпреварувања, а планирано е да се одржи во месец септември за време на неделата на ЕХФ.
Турнирот лани беше возобновен и победник беше македонската репрезентација, а учествуваа Египет, Тунис и Грција. мн/
Фото: РФМ